-
Notifications
You must be signed in to change notification settings - Fork 119
Лабораториска вежба 4
Да се имплементира програма за потрошувачка кошничка. Програмата се состои од две листи. Лево се наоѓа листа со сите продукти кои може да се купат (додадат во потршувачката кошничка). При промена на селекција на елемент од листата со продукти се прикажуваат неговите детали (име, категорија и цена). Со клик на копчето „Додади во кошничка“, селектираниот продукт се додава во кошничката и се променува вредноста во текстуалното поле „Вкупно“. Со клик на копчето „Избриши од кошничка“ се брише соодветниот елемент од листата.
Со клик на копчето „Додади нов продукт“ треба да се отвори нова форма како на слика 1 за додавање нов продукт во листата.
При додавањето нов продукт да се имплементира валидација со помош на ErrorProvider
. Се додава оваа контрола која е заедничка за сите контроли во формата, а потоа се додава метод за настанот Validating
за контролата која сакаме да ја валидираме. Пример за код за овој настан за контрола TextBox
со име tbName
која не смее да биде празна.
private void tbName_Validating(object sender, CancelEventArgs e)
{
if (tbName.Text.Trim().Length == 0)
{
e.Cancel = true;
errorProvider1.SetError(tbName, "Внесете име!");
}
else
{
errorProvider1.SetError(tbName, null);
}
}
Соодветно клик на копчето „Избриши продукт“ го брише селектираниот продукт од листата со продукти.
Клик на копчињата „Испразни ја листата со продукти?“ и „Испразни ја кошничката?“ ги празни соодветните листи, а пред тоа со соодветен MessageBox
го прашува корисникот за потврда на акцијата (слика 2).
String.Format("{0:0.00}", 123.4567); // "123.46"
Да се промени програмата така што при додавање на продукт во кошничката со помош на контролата NumericUpDown
ќе се внесува количина од продуктот.
Помош: Да се имплементира класа ProductItem
која ќе содржи Product
и количина од тој продукт.
Само две децимални места
String.Format("{0:0.00}", 123.4567); // "123.46"
String.Format("{0:0.00}", 123.4); // "123.40"
String.Format("{0:0.00}", 123.0); // "123.00"
Максимум две децимални места
String.Format("{0:0.##}", 123.4567); // "123.46"
String.Format("{0:0.##}", 123.4); // "123.4"
String.Format("{0:0.##}", 123.0);
Барем две цифри пред децималната точка
String.Format("{0:00.0}", 123.4567); // "123.5"
String.Format("{0:00.0}", 23.4567); // "23.5"
String.Format("{0:00.0}", 3.4567); // "03.5"
String.Format("{0:00.0}", -3.4567); // "-03.5"
Означување на илјадарките
String.Format("{0:0,0.0}", 12345.67); // "12,345.7"
String.Format("{0:0,0}", 12345.67); // "12,346"
Нули
String.Format("{0:0.0}", 0.0); // "0.0"
String.Format("{0:0.#}", 0.0); // "0"
String.Format("{0:#.0}", 0.0); // ".0"
String.Format("{0:#.#}", 0.0); // ""
Порамнување на броевите со празни места
String.Format("{0,10:0.0}", 123.4567); // " 123.5"
String.Format("{0,-10:0.0}", 123.4567); // "123.5 "
String.Format("{0,10:0.0}", -123.4567); // " -123.5"
String.Format("{0,-10:0.0}", -123.4567); // "-123.5 "